Србија и Црна Гора ги оставија на страна сите некогашни разлики и политички несогласувања, бидејќи се свртеа кон иднината, изјави првиот потпретседател на српската Влада Александар Вучиќ.
Во интервјуто за црногорската телевизија, Вучиќ рекол дека Србија и Црна Гора меѓусебно ќе си помагаат на патот кон европските интеграции, очекувајќи дека државите за неколку години „заедно ќе го дочекаат членството во ЕУ“.
Претстојната посета на премиерот на Србија Ивица Дачиќ на Подгорица, а потоа и доаѓањето на црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ во Белград, првиот потпретседател на српската Влада не ги гледа состаноците како политичко-маркетиншки трик, туку како можност за договор за соработка на конректни проекти.
Вучиќ исто така истакна дека сите надлежни органи на Србија работат на апсење на нарко босот Дарко Шариќ, кој е во бегство.
Тој рече оти е изненаден од обвинувањата на функционерот на опозицискиот Демократски фронт на Црна Гора Небојша Медојевиќ дека заедно со премиерот Дачиќ го штитат Шариќ, и оти е „дел на балканската криминална конфедерација“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.