Дваесет и петгодишен скопјанец имал среќа да не го погоди куршум кога двајца арачиновци пукале кон него затоа што претходно се скарал со нив.
Полицијата јави дека вчера околу 18 часот Е.К. пријавил дека на улицата „Алија Авдовиќ“ во Скопје било пукано од огнено оружје кон неговиот внук О.А.(25).
Од разговорот со О.А. е дознаено дека истиот ден, непосредно пред настанот, истиот имал вербална расправија со браќата Б.И.(24) и Ш.И.(29) од село Арачиново, во врска со долг којшто го имал братот на О.А. За да избегне поголем инцидент, О.А. со своето возило се оддалечил од местото на настанот, но кога го паркирал возилото на улицата „Алија Авдовиќ“ до него застанал автомобил марка „голф“ од кој излегле Б.И. и Ш.И., при што Б.И. од пиштол испукал еден куршум кон О.А., кој притоа не бил повреден. Извршен е увид на местото на настанот при што е пронајдена чаура и неиспукан куршум. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Хороскопска војна: Рибите не поднесуваат Стрелци, Раковите ги нервира Шкорпијата…
-
Жестока пресметка во семејството Ѓоковиќ, Новак лут на татко му: Срѓан фатен со згодна блондинка во Будва!
-
Диего Коста: Барав трансфер во Атлетико Мадрид и се скарав со Конте, после морав да се извинувам
-
Во караница и тепачка го застрелал шурата