Жена е полесно повредена во сообраќајка што се случи утрово неколку минути по 7 часот на улица „Железничка“ во близина на Клиничкиот центар во Скопје. Возило на Брза помош се најде на самото место на несреќата, а лекарите веднаш ѝ дадоа помош на повредената која имаше исеченица на рамото. Причините за несреќата дополнително ќе се утврдуваат.
На оваа крстосница често се случуваат сообраќајни несреќи, а како најчеста причина е возење во спротивна насока.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


