| четврток, 6 декември 2018 |

Индустријата пораснала 15 отсто

industrija

Индексот на прометот во индустријата во јуни се зголемил за 14,9 отсто во однос на истиот месец лани, објави во четвртокот Државниот завод за статистика.
Прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во јуни бележи опаѓање на годишно ниво од 6,3 отсто, а прометот остварен на странски пазари бележи пораст од 27,7 отсто.

Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен во јуни била на исто ниво, а во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 15,8 отсто.

Според главните индустриски групи, прометот бележи пораст кај Енергија за 53,4 отсто, интермедијарни производи, освен енергија за 1,9 отсто, Капитални производи за 67,2 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 9,9 отсто, додека опаѓање бележи кај Tрајни производи за широка потрошувачка за 19,6 отсто.

Индексот на прометот во индустријата во јуни на месечно ниво бележи пад од 5,1 отсто, додека во првото полугодие од годината бележи раст од 6,9 отсто во однос на периодот јануари-јуни 2012 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top