Петмина кумановци, актуелни и поранешни директори и раководители во кумановски „Водовод“ се товарат дека го осиромашиле јавното претпријатие за 10 милиони денари во периодот од 2006 до 2011 година.
Против нив, СВР Куманово денеска поднесе кривична пријава за „злоупотреба на службената положба и овластување“ во врска со помагање и продолжено кривично дело.
Пријавените цели 5 години склучувале договори или усно се договарале со правни и физички лица за изградба на водоводна и фекална канализација на повеќе локации во Куманово при што парите на граѓаните ги задржувале за себе. Работејќи спротивно на Законот за градење, Законот за локална самоуправа и одлуките на Општина Куманово, претпријатието е оштетено за околу 160 илјади евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.