| четврток, 6 декември 2018 |

Ги ограбиле додека биле на нива

selani niva

Семејство од прилепското село Горно Коњари вчераутро е ограбено додека работело на нива. Крадците влегле во куќата преку прозорец, а кражбата ја извршиле меѓу 4 и 9 часот наутро, објави „Канал 5“.

Украдени се 19.600 евра, 13.000 денари и накит. Вкупната штета е 1,35 милион денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top