| четврток, 6 декември 2018 |

САД прислушкувале и во Москва?

kremlj

Американската агенција за национална безбедност имала поставено сервер за следење податоци кои се разменуваат на интернет и во Москва, пишува весникот „Ведомости“ повикувајќи се на информации од „Гардијан“ кои британскиот весник ги добил од поранешниот соработник на ЦИА Едвард Сноуден.

Како што пишува рускиот весник, оваа информација била наведена во презентацијата на агенцијата за 2008 година во која биле претставени 700 сервери од системот „ЕксКискор“. Руските специјални служби не истражувале дали постои и каде би можел да се наоѓа серверот, но речиси сигурно е дека бил во Амбасадата на САД во Москва.

Директорот на координативниот центар за национален домеин на интернет, Андреј Клесников, вели дека е невозможно таков сервер да биде скриен и незабележан, ако се земе предвид обемот на размена на информации за корисниците.

Сноуден откри податоци за тоа како САД преку системот на националната безбедносна служба Призм следат и прислушуваат корисници на интернет низ светот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top