Го сакаат колегите назад, сопругата се согласува со идејата еден од најдобрите македонски кошаркари, Тодор Гечевски да се врати во репрезентацијата и да им помогне на своите колеги на претстојното европско првенство во кошарка репрезентацијата да го повтори историскиот успех од Литванија. Антиќ му испрати порака на Гечевски, давајќи му еден ден да одлучи дали ќе ги остави сами или ќе војува со нив. Влатко Илиевски, Бо Меккејлеб и Перо Антиќ се фотографираа молејќи го Тошка да се врати.
И Република во акција: Да го вратиме Гечевски во репрезентативниот дрес! Да ги промениме фотографиите на нашите фејсбук профили. Да ставиме фотографија од Гечевски и да побараме тој да се приклучи на најдобрите македонски кошаркари кои од 4 септември ги очекува големо европско натпреварување. Да му покажеме на Гечеввски дека фалангата го сака назад во националниот состав!!!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.