Писателот и режисер Александар Русјаков, во интервју за Пресс 24 вели дека добивал отворени закани од опозицијата поради неговите ставови.
„За нив демократија е 1995 година. Без опозиција во парламентот. Приватизирање на националните добра од страна на десетина нивни луѓе. Уништување на националните интереси со потпишување на Привремена спогодба без да се праша јавноста, народот. Ако не владеат они, тогаш сè е дикататура, тоа е нивната перцепција. Мене ми порачаа дека кога ќе дојдат на власт ќе ме снема преку ноќ, само затоа што не се согласувам со нивниот начин на размислување. Ете ти ја кумровачката школа“, вели во интервјуто Русјаков.
Поради неговите ставови за Лустрацијата, спорот за името и отворените критики кон опозицијата, Русјаков добил етикета „близок човек на власта” .
„Можеш ти и да не се сложуваш со некои потези на оваа власт, пак ќе си ја добиеш етикетата ако не свириш по глупите ноти на една самобендисана група луѓе кои се убедени дека само нивното е правилно. А, лустрацијата ја подржувам, само што јас би ја спровел веднаш и одеднаш. Досега неколку пати сум кажал. Правиш група способни компјутерџии кои ќе ги стават сите досиеја во ПДФ и трас одеднаш сета смрдеа на интернет. А потоа нека копаат новинари, нека си ги бараат жртвите своите џелати“, вели Русјаков потенцирајќи дека од опзицијата добивал отворени закани поради неговите ставови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Нетпрес: Закани кон асистент на претседателот на ДИК, „Главата на мајка ти може да летне далеку“
-
Џихадистите со заканувачки постер: Ќе посееме смрт во метрото во Њујорк и…!
-
Детали од заканувачките писма до Коѕијас и грчките министри: Имаме 3 куршуми, по еден за секоја Македонија
-
Александар Русјаков почнува штрајк со глад – ќе штрајкува додека не се ослободат притворените