
На плоштадот „Македонија“ нема да се враќа отстранетата коцка, туку при реконструкцијата ќе биде поставена комплетно нова коцка, соопштија денеска од Град Скопје по шпекулациите кои се појавија во јавноста изминатите денови дека старата коцка повторно ќе се врати на плоштадот.
– Новата коцка ќе биде изработена од мермер со димензии 5х5 сантиметри, со црна и бела боја и ќе се употреби за изработка на мозаикот, како што може да се забележи од објавените фотографии со идејното решение за предвидениот проект за изградба на современа фонтана на плоштадот „Македонија“ и реконструкција на плоштадот. Станува збор за изградба на современа фонтана на површинско ниво со 128 прскалки, кои ќе се употребуваат само во летниот период. Фонтаната ќе биде со димензии 15×15 метри, а ќе биде поставена на просторот помеѓу Камениот мост и постојната фонтана, стои во соопштението од Град Скопје.
За време на реконструкцијата, како што се наведува во соопштението, постојните плочи на плоштадот делумно ќе бидат зачувани, а другите ќе бидат извадени и ќе се употребат на плоштадот кај црквата „Пресвета Богородица“.
– На местото на извадените плочи, при реконструкцијата на партерот на плоштадот „Македонија“, ќе биде поставена комплетно нова коцка. На плоштадот ќе бидат заменети канделабрите, клупите и кантите за отпадоци, велат од Град Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Од Александар Македонски на Плоштад веќе нема да се слуша музика
-
Шилегов ќе го продава Мерцедесот – бил стар и небезбеден
-
Шилегов чека слика до Коце за на ѕид, Трајановски вели дека во градот има сто фотографии од него
-
Дрога, милиони и ФБИ: Оваа „покер принцеза“ ги знае тајните на холивудските коцкари…(видео)


