| четврток, 6 декември 2018 |

Маврово ќе живне и во лето – „Екогрин-фестивал“ е следниот викенд

Егзибициски натпревар во скијање на вода, прецизно слетување на параглајдеристи и падобрански скокови, планински велосипедизам и возење слалом преку планинарска тура Маврово–Меденица–Маврово, искачување на Кораб, кружна ревијална велосипедска тура околу Мавровско Езеро, натпревари во влечење јаже, фрлање камен, брзо сечење дрва со пила, како и спортски риболов на ситна риба на пловка. Покрај сите овие спортски и рекреативни активности, има богата и разновидна музичка програма почнувајќи од попладневните, па сѐ до утринските часови.

Ова е само дел од богатата програма на тридневниот фестивал „Екогрин-фестивал Маврово“, кој ќе се одржи од 16 до 18 август на самиот брег на Мавровско Езеро, на познатата локација – игралиштето на село Маврово.

Последниот ден на фестивалот е предвиден за чистење на локацијата и на околината од отпадоци и од смет. За посетителите на фестивалот организаторот обезбеди бесплатен камп во самата близина на фестивалското случување.

Фестивалот е со бесплатен карактер, со исклучок на саботната вечер за која цената на билетите изнесува 300 денари и  може да се купат преку продажната мрежа на „МК тикетс“, како и во салоните на ОНЕ низ земјава.

Официјална програма на „Зелен ековикенд Маврово“

Петок, 16.8.2013 година

Презентација и продажна дегустација на традиционално приготвенити пити и млечни производи од мавровско – реканскиот крај
13.00 Прес-кoнференција

14.00-16.00 Пристигнување на учесниците.

13.00-18.00 Поставување камп на местото познато како Камп за учесниците што сакаат да бидат сместени во шатори.

16.00-18.00 Запознавање со содржините, презентации на програмата, отворање на штандовите за ракотворби, сувенири домашни производи. Локација с. Маврово игралиште

18.00-21.00 Концерт на локални бендови, музичари и културно-уметнички друштва од Маврово и од Ростуше.

20.00 Изложба на стари фотографии од мавровско-рекaнаскиот регион

21.00-23.00 Концерт на мегапопуларните македонски бендови „Леб и сол“ и „Летечки пекинезери“
23.00-02.00 Настап на мегапопуларните хипхоп-ѕвезди Гоце Саф и ЛД Пистолеро (Live + DJ SET)

 

Сабота, 17.8.2013 година

Презентација и продажна дегустација на традиционално приготвенити пити и млечни производи од мавровско – реканскиот крај

07.00 Заминување на планинарска тура Маврово – Меденица – Маврово, турата трае шест часа (само за физички подготвените)

09.00-11.00 Презентација и пробно возење на “Mountain bike” возење слалом. Локација, долен дел на ски-патеката под жичниците
10.00-12.00 Презентација на изработка на вештачки мамки (мушици) и техники на мушичарење (Fly Fishing). Локација, Мавровско Eзеро под игралиштето во с. Маврово
11.00-12.00 Презентација на планинарска опрема

12.00-14.00 Натпревар во прецизно слетување на параглајдеристи, падобрански скокови. Локација, игралиште с. Маврово

12.00-14.00 Натпревари во влечење јаже, фрлање камен, брзо пилање и сечење дрва, натпревар за деца под седум години во вешто возење велосипед

15.00-17.00 Музички настапи на зурли и тапани, гајдаџии и кавалџии. Локација, игралиште с. Маврово

16.00-19.00 Натпревар во лов на ситна риба на пловка. Локација, Мавровско Eзеро кај потопената црква

17.00-19.30 Диџеи, настапи на детска музика

19.00-20.00 Прогласување на победниците од сите активности со натпреварувачки карактер

20.00 Oтворање изложба на авторски мозаици на проф. м-р Адем Сулејманоски од Ростуше

19.30-20.00 Презентација на развојните перспективи на Општина Маврово Ростуше

20.00-21.30 Настап на “Conquering Lion”- Reggae Bend

21.30-23.30 Настап на групата “Shine”

23.30-01.30 DJ SET на најпознатите Антена 5 Диџеи, DJ Nikifor, DЈ Lephonqe, DJ Iceberg, DJ Macki, настапи на Robotek, Ilina, Ogi surla, Aliber-Тетово.

01.30-05.00 Концерт на DJ VALENTINO KANZYANI И DJ Sabb (за овој настан се потребни посебни влезници).

Недела, 18.8.2013 година

05.00 Искачување на Кораб (за заинтересираните)
08.00-12.00 Кружна ревијална велосипедска тура околу Мавровско Езеро

10.00-11.00 Презентација на проекти на цивилното општество за развојот на мавровско-реканскиот регион и презентација на развојните програми на Oпштината
11.00-13.00 Дебата на тема – Развојните перспективи на Маврово, пливање помеѓу желбите, можностите и потребите

12.00-14.00 Егзибициски натпревар во скијање на вода

14.00-16.00 Приготвување и дегустација на рибја чорба и планински грав
16.00-17.00 Обраќања до гостите и учесниците со желба за вклучување нивни идеи за следното издание на фестивалот
17.00-18.00 Дарко Суперѕвезда
18.00-19.00 Традиционална македонста музика со зурли, тапани, кавали, како и настап на играорни групи
19.00-20.30 Настап на познатата македонста етногрупа “Calgia sound sistem“
20.30-22.30 Настапи на Дани Димитровска и План Г
22.30-04.00 Настапи на Томи Бојаџи, Igor Iox, DJ Zomax, DJ Brane trance, DJ Johan trance, DJ Koks trance.

Понеделник, 19.8.2013 година

08.00 Чистење на локацијата и на околината од отпадоци и од смет

Повеќе детали на официјалнииот сајт ecogreenfestivalmavrovo.mk или на фан-страницата на Фејсбук.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top