Тројца Американци ќе поделат 448 милиони долари, откако на најголемата американска лотарија Powerball три тикета биле добитни. Тикетите со среќните бројки биле продадени во сојузните држави Њу Џерси и Минесота.
Претходниот џекпот во износ од 590 милиони долари дојде во рацете на 84-годишна жителка на Флорида. Најголемиот џекпот во историјата на САД падна во март 2012 година и изнесуваше 656 милиони долар, но него го поделија тројца добитници од државите Илиноис, Канзас и Мисури.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.