| четврток, 6 декември 2018 |

Насилници нападнале и ограбиле велешанец

velesПедесет и едно годишен велешанец бил нападнат во Градскиот парк  на трибините од ракометното игралиште во градот. Еден од насилниците го исплукал Ј.К., а потоа неколку лица му се нафлиле и почнале да го удираат со тупаници и клоци по главата и телото. Го турнале на земја, па откако продолжиле да го тепаат, му одзеле мобилен телефон  и 2.200 денари. Тогаш на помош му пришол неговиот 47-годишен брат А.К. но насилниците и него го нападнале.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top