Eден човек го загуби животот и двајца се водат како исчезнати во поплави што ја погодија североисточна Австралија, соопштија официјални лица.
Околу илјада луѓе се евакуирани од погодените области.
Поплавите се случија по вчерашното торнадо во државата Квинсленд. Премиерот на таа држава изјави дека торнадото предивикало огромна штета во околина на градот Бундаберг, на околу 300 км. северно од Бризбејн.
Во почетокот на 2011 година, Квинселнд го погодија катастрофални поплави во кои загинаа повеќе од 30 луѓе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.