| четврток, 6 декември 2018 |

Секој втор корисник на Фејсбук и Твитер е зависник

Технологијата овозможува да бидеме подобро поврзани од кога и да е и зависноста од неа продолжува да се зголемува пренесува порталот Факултети.

Всушност, ново истражување направено од „Мај лајф“ открило дека 56% од луѓето се плашат дека ќе пропуштат битни настани, вести и објави доколку не се уклучат на социјалните мрежи.

Околу 26% изјавиле дека би ги замениле навиките како пушењето или реалните ТВ-шоуа за пристап до социјалните мрежи.

Истражувањето покажало дека приближно 50% од луѓето ги посетуваат социјалните мрежи почесто отколку пред две години. Корисниците сакаат да ги добијат вестите наутро, околу 27’% од учесниците се уклучуваат на социјалните мрежи штом се разбудат.

Освен тоа, луѓето користат повеќе профили на социјални мрежи. Околу 42% изјавиле дека имаат повеќе профили. Процентот скокнува до 61% за оние на возраст од 18 до 34 години. Просечниот човек има 3,1 електронски адреди во споредба со 2,6 од изминатата година.

52% од испитаниците изјавиле дека размислувале за земање „одмор“ од една или повеќе социјални мрежи во изминатата година, но само 24% рекле дека веројатно ќе го направат тоа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top