| четврток, 6 декември 2018 |

Сопругот на исчезнатата: Валери беше во депресии, не сакам да верувам дека се самоубила

valeri kicevo francuzinka-На 25 јули синот и мојата сопруга имаа недоразбирање поради мачката. Го натепа. Бев нервозен и ја прашав зошто му вика за ништо. Видов дека ја нема во собата кога отидов да спијам, колу 22:30. Излегов во градот да ја најдам, но ја немаше. На 26 јули пријавив во полиција, бидејќи таа никогаш досега не спиела надвор од дома. Секоја година доаѓа тука, добро го знае Кичево, го знае Охрид, знае други  места во Македонија, Струга, Маврово, Скопје. Зборува албански јазик, зборува англиски и француски – вели сопругот на исчезнатата Валери,  Илир Незироски.

Тој во изјава за Канал 5 кажува дека Валери во последниот период била малку депресивна затоа што имала здравствени проблеми, имала рак.

-Не сакам да верувам, но можно е да извршила самоубиство. Или некој ја киднапирал. Се надевам и се молам да ја најдам. Тешко е бидејќи не знам што и се случило и сакам да ја најдам што поскоро – вели тој.

Илир Незироски со Валери живееле заедно 20 години, а имаат и 18 годишен син. Валери во Кичево не била прв пат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top