| четврток, 6 декември 2018 |

Птичјиот грип пренесен од човек на човек

epidemija-575x399Првата здравствена анализа на смртоносниот вирус познат како птичји грип кој оваа година се појави во Кина, упатува на голема веројатност дека тој може да се пренесува од човек на човек. Истражувањето објавено во „Бритиш медикал журнал„ се занимава со случај на семејна инфекција со Х7Н9 вирусот, кој беше забележан во Кина. Во извештајот стои дека вирусот бил пренесен директно од шеесетгодишен заразен пациент Кинез на неговата ќерка.

Лекарите велат дека оваа способност на вирусот не значи дека ќе дојде до глобална епидемија на грип. Според нив, вирусот сѐ уште не може со леснотија да се пренесе од еден на друг човек, што значително ја намалува опасноста од пандемија.

Новиот вирус на птичји грип беше непознат додека не се појави во Кина и Тајван каде заразени се 133 лица, од кои 43 се починати. Мнозинството заразени биле на сточен пазар, а се разболеле во рок од седум до десет дена по контактот со животните.

Случајот со пренесување на вирусот од татко на ќерка послужи за анализа во која стои дека пациентот починал од престанување на неговите органи со работа, само четири дена откако бил примен во болница. Тој се заразил на пазар, но неговата ќерка не била во контакт со животни, од што може да се заклучи дека вирусот го добила од таткото. Шест дена по нивната последна средба започнале кај неа да се развиваат симптоми на грип.

Починала од истите последици како и нејзиниот татко.

Докторите се убедени дека дошло до пренесување на вирусот од човек на човек, затоа што примероците земени од двете тела генетски се речиси идентични.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top