Најтиражниот шпански дневен весник „Ел Паис“, кој се објавува во стотици илјади копии, со редакции во Мадрид, Барселона и Латинска Америка, објави одлична критика за поезијата на струмичанецот Никола Маџиров со наслов “Еден европски глас“, пренесува Струмицанет.

„Ел Паис“ ја споредува поезијата на Маџиров според естетските квалитети со онаа на светските поетски имиња како Јехуда Амихаи, Мирослав Холуб, Васко Попа, Адам Загајевски или Марин Сореску.
Книгата на Маџиров “Изреченото нè прогонува“, во шпански превод на Јоланда Кастањо и Марија Петровска, ја објави една од најзначајните шпански издавачки куќи “Пре-Текстос“ во едиција заедно со книгите на Рилке, Бодлер, Песоа, Пушкин, Шекспир, Ник Кејв, Маларме, Блејк, Витман…
Поезијата на Никола Маџиров е преведена на четириесет јазици и ја има добиено европската поетска награда “Хуберт Бурда“ за автори од Централна и Источна Европа, наградата за современа светска поезија “ДЈС“ во Кина, европската книжевна стипендија “Маргарит Јурсенар“ и други меѓународни признанија и стипендии.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


