| четврток, 6 декември 2018 |

Во Гевгелија фатени двајца Авганистанци

Двајца Авганистанци, кои без документи се возеле во воз кој патувал на релација Грција – Австрија, беа фатени утрово од страна на македонската царина на Железничката станица – Гевгелија.

Двајцата мигранти биле пронајдени на влез во Македонија, во празни вагони на воз кој патувал на релација Грција – Австрија. Мигрантите, и двајцата државјани на Авганистан, кај себе немале патни исправи. Тие имале намера нелегално да стигнат до некоја од западноевропските земји. Мигранитите се предадени на граничните полициски служби.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top