| четврток, 6 декември 2018 |

Мекејлеб нема да заигра за ЦСКА

Српскиот кошаркарски интернационалец Милош Теодосиќ ќе продолжи да игра во московскиот клуб ЦСКА, што значи дека Мекејлеб останува во Фенербахче

mac kaleb

Според претходните информации, новиот тренер на Фенербахче, Жељко Обрадовиќ, сакаше неговиот сонародник да ја организира играта на турскиот гигант, а поради тоа што платите на двајцата кошаркари се слични, опцијата „трејд“ беше реална.

Сепак, српскиот кошаркарски интернационалец кој пред неколку недели одби понуда од НБА-лигата, од таборот на Мемфис „Гризлис“, вредна 6 милиони долари, повторно ќе се обиде со „Армејците“ да ја освои Евролигата.

„Го комплетиравме тимот за наредната сезона. Теодосиќ останува меѓу црвено-сините воини“, стои на официјалната интернер-страница на ЦСКА.

26-годишниот плејмејкер поради повреда на мускул на ногата ја пропушти завршницата на минатата сезона, во која во елитниот континентален клупски ранг просечно бележеше по 12,7 поени и речиси 5 асистенции на натпревар.

Како и да е, доколку нашиот Мекејлеб остане во Турција, двата тима следната кампања во Евролигата ќе ја почнат во иста група, а покрај нив во друштвото се и Партизан, Барселона, Будивељник и Нантер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top