| четврток, 6 декември 2018 |

Првиот албански милијардер со бизнис и во Македонија

samir-mane-564x272Првиот милијардер во Албанија е Самир Мане, претседател и извршен директор на компанијата Балфин груп (Balfin Group) денеска објави Агенцијата Уелт Х (Wealth X). Неговото богатство се проценува на 1,2 милијарда долари.

„Малку е познато за ултрабогаташите во новите економии, како што се Албанија. Очекуваме дека наскоро ќе ги дознаеме милијардерите и од соседните земји на Албанија“, велат од агенцијата.

Балфин груп е најголемата приватна компанија во Албанија, која се занимава со недвижности, со услуги во управувањето, електроника и мода на мало. И компанијата Нептун е во сопственост на Мане. Седиштето на оваа компанија е во Виена, а има продажни места во Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово и Србија.

Мане ја напуштил Албанија веднаш по падот на комунизмот, по што бил сместен во бегалски камп на 20 километри од Виена. Кратко време работел како преведувач, а во 1993 година ја основал компанијата Албатрејд за трговија со електронски апарати.

Во 2011 година групацијата Балфин инвестираше 48 милиони евра за изградба на најголемиот трговскиот центар во земјата со 90 илјади квадратни метри. Центарот се наоѓа во Тирана.

Исто така Балфин груп се јавува и како еден од инвеститорите во трговскиот центар Скопје сити Мол (Skopje City Mall).

Извор: Фактор

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top