| четврток, 6 декември 2018 |

Асад: Ќе ги столчам бунтовниците

g_basar-al-asadСириската криза може да се реши единствено со здавање жесток удар на теророт, изјави сирискиот претседател Башар ал Асад. Според него, никакво решение не може да се постигне со бунтовниците, освен задавањето удар со железна тупаница.

Претседателот на Сирија вети дека ќе ги столчи бунтовниците кои се обидуваат да го симнат од власт, напоменувајќи дека земјата се наоѓа пред избор- држава со закони или држава со која владејат крадци и бандити.

Силите на Асад во последните два месеци извојуваа победи во близина на главниот град Дамаск и во стратешката провинција Хомс која го поврзува Дамаск со упориштата на Асад на сирискиот брег.

Според податоците на ОН до сега во Сирија загинале повеќе од 100.000 луѓе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top