| четврток, 6 декември 2018 |

Данска голгетерски расположена доаѓа во Скопје

Фудбалската репрезентација на Данска во добро расположение по вечерашната победа од 4-0 против Канада, доаѓа во Скопје на пријателскиот натпревар со Македонија, закажан за 6. февруари.

Во Аризона, САД, на неутрален терен на „Кино ветеранс меморијалниот центар“, Данците предмалку ја декласираа Канада со 4-0.

Напаѓачот на ФК Копенхаген, Андреас Корнелиус, беше расположен и постигна 3 гола за Данска, а еднаш мрежата на Хиршфилд ја погоди и Лоренцен. Данците го решија натпреварот уште по првото полувреме и на одмор заминаа со предност од 3-0.

Во стартните единаесет за Данска, вечерва во Аризона, настапија: Расмунсен, Јакобсен, Киркешков, Окоре, Стадсгард, Зилбербауер, Слот, Лоренцен, Ромедал, Јоргенсен и Корнелиус.

Мечот во Скопје, на „Филип втори“ арената меѓу Македонија и Данска ќе се игра на 6. февруари, со почеток од 19,30 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top