И покрај тоа што премиерот Груевски изјави дека неговата партија не сака предвремеи избори, но дека е подготвена за тоа, дел од опозицијата и политичката чаршија не запира со муабетите дека наесен или најдоцна напролет, Македонија ќе ја продолжи долгата серија предвремени парламентарни избори.
Слично е и кај опозицијата, и Заев вели дека не посакува избори, но дека е подготвен за нив доколку тие се случат според препораките на ОБСЕ.
Колку предвремените избори им одговатаат на секоја од партиите пооделно и не е толку важно, колку што е точно дека преку гласање можат да се надминат неколку кризни точки на македонската политичка сцена.
Кои се кризните точки што можат да се надминат преку гласање и што ќе донесат предвремените избори за партиите прочитајте во новиот број на неделникот Република кој е во продажба од денеска, 1 август)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.