| четврток, 6 декември 2018 |

Момче го украде новиот автомобил на татко му и загина на 200 метри од дома

16-годишниот Д.Б. почекал неговите родители да заспијат, па се искрадол од дома и го зел новиот автомоблил на татко му. Околу 1:30 часот утрово се враќал дома од Плетерница во градчето Пожега во Хрватска кога изгубил контрола над возилото, излетал од патот и завршил во канал.

Внатре биле и неговите другари, на кои сакал да им се пофали со автомобилот стар само 2 месеци. Тие биле негови врсници и поминале само со неколку полесни повреди. Малолетникот пак починал на лице место.

Се уште не се знае дали бил под дејство на алкохол.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top