Виктор Лилчиќ е новиот директор на Управата за заштита на културното наследство. Тој доаѓа на местото на Паско Кузман. Лалчиќ е професор на Филозофскиот факултет и доктор по археолошки науки.
Се пријавил на првиот јавен повик за пројавување интерес за ангажман на раководни функции, каде што беше предвидена и оваа позиција, а според Владата, оставил најдобар впечаток на интервјуата и во првата и во втората фаза. Презентирал добри идеи за управувањето со институцијата и развој на дејноста. Неговиот мандат е четири години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


