Орканско невреме со јак ветер и дожд и пад на температурата денеска попладне ја зафати цела Словенија и делови од Хрватска. Во Љубљана каде до вчера беа измерени 37 степени, температурата паднала за 17, а вечерва се очекува да се симне до 14 степени целзиусови.
Во Љубљана и Копар ветерот корнел дрва, кинел покриви, превртувал возила, рушел тенди пред кафулињата. Пожарникаритте кои имале полни раце работа, само во Љубљана имале 20 интервенции, а на словенечкото море биле спасувани и бројни капачи. Силното невреме го отежна и сообраќајот на патиштата во Словенија. А веќе од четврток метеоролозите најавуваат повторно тропски горештини.
Загрепчани пак ги изненади орканскиот ветер околу 16 часот кој почнал одеднаш силно да дува. Температурата паднала од 38 на 28, а ветерот туркал дрва и блокирал улици во градот. Поради невремето поедини делови од Загреб останале без струја. За само неколу минути ветерот предизвикал хаос во главниот град на Хрватска а една жена била повредена од антена кој и паднала врз глава.
Европскиот центар за прогнозирање на олуите ставил највисок степен на опасност, степен 3, за северот на Италија и Истра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




