| четврток, 6 декември 2018 |

Првиот филм за Едвард Сноуден (видео)

Првиот „филм“ за Едвард Сноуден е скромен проект на група аматери (акцент на аматери), со траење од 5 минути, јавува „Он.нет“.  Буџетот изнесувал цели 650 долари.

Филмот бил снимен без повторување на сцените или проби, со глумци и режисери аматери и буџет од 650 долари (за изнајмување на собата во Хонг Конг во која кратко престојуваше Сноуден).

Краткиот филм бил закачен на Јутјуб и е прв за американскиот „крт“, а е познат под насловот „Verax“.

Филмот станал популарен бидејќи бил емитуван два дена откако Сноуден се префрлил во Москва, но многумина го критикуваат бидејќи и покрај четворица режисери, глумата е многу аматерска.

Петминутниот филм е полн со мелодраматична музика, а главната улога ја толкува Ендру Кромик, американски учител кој работи во Хонг Конг и личи на Едвард Сноуден.

Кромик потсетил дека ниеден од глумците не е професионалец и дека никој од нив не ни очекувал дека видеото на Јутјуб ќе добие толку многу внимание.

„Мислам дека начинот на кој е снимен е кул. Сите сме аматери, сцените ги снимавме само еднаш. Сè беше во фазонот: акција, снимање, ок готови сме. Сосема е во ред што луѓето мислат дека ова е најлошата глума на светот. Мене тоа ми е ок. Ние и онака го доживуваме филмот како обичен видео клип на Јутјуб“, изјавил тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top