| четврток, 6 декември 2018 |

(Видео) Како изгледаше акцијата на полицијата во Тетово

policija
Во полициска акција синоќа упадна во повеќе тетовски ноќни клубови затекнати се странски државјанки за кои постојат сомненија дека работеле како стриптизети и проститутки.

Во Бабилон најдени се пет девојки од Србија кои работеле како танчерки и келнерки, а во угостителскиот објект хотел Динамика пронајдена е една девојка исто така од Србија кај која се пронајдени и одземени 90.400 денари, 150 швајцарски франци и 80 евра. Во угостителскиот објект Бабилон пронајдени и одземени се кутии за пари-бакшиш со испишани имиња на девојките (на секоја од кутиите) во кои имало околу 20.000 денари. При извршениот претрес во хотелот Динамика, во рецепцијата на хотелот пронајден е и еден пиштол со калибар 8 мм со 3 куршуми без дозвола и истиот е одземен, соопштува МВР.

Утврдено е дека странските државјанки легално влегле во Македонија и против нив ќе биде изречена мерка забрана за влез во државата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top