Во моментот кога во Кан на Азурниот брег, во хотелот Карлтон се одржуваше изложба на накит, едно вооружено лице успеа да ограби накит вреден 40 милиони евра, јавува дописникот на МИА од Париз.
Според информациите кои беа пренесени од француските медиуми, грабежот се случил среде бел ден, поточно околу 11 часот и 50 минути, кога вооруженото лице влегло во хотелот Карлтон и успеал да одземе едно куферче, чија содржина е проценета на околу 40 милиони евра.
Накитот бил во сопственост на бижутеријата Левиев според името на израелскиот милијардер Лев Левиев со седиште во Москва, специјализирана за висококвалитетни дијаманти. Според весникот „Нис Матан“ изложбата започна на 20 јули и требало да трае до крајот на август.
За време на меѓународниот филмски фестивал во Кан, беше украден накит во хотелот Новотел, сопственост на марката Шопар во вредност од 1,4 милиони долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Грк украл врв од столб од Акропол
-
Милионска кражба во Македонија: Обиен сеф на приватна фирма
-
Фатил жена во кражба: Кога ги видел нејзините деца наместо да ја уапси направил нешто неверојатно(видео)
-
Крадците го опустошија градот повеќе од ураганот: Група луѓе влегуваат по маркети и носат што ќе најдат(видео)


