| четврток, 6 декември 2018 |

(Видео) Нов расистички испад во Италија: Со банана по министерката

Cecile Kyenge
Непознат фрлил бабана по италијанската министерка за имиграција Сесил Кјенге за време на митинг на Демократската партија. Напаѓачот не ја погоди.Кјенге не наседнала на провокациите ниту ја прогласила Италија за расистичка земја. На нападот со банана вратила со изјавата дека тоа е: „Фрлање храна“.

Но, Италија ја погоди напад на расизам по нејзиниот избор за министер. Таа е родена во Конго, а веќе 30 години живее и работи во Италија, мажена е за италијанец, има дете Италијанец, но се чини тоа не е доволно за дел од Италијанциуте. Таа е изложена на разни провокации, а еден член на антиимиграционата партија Лига за север, направил навредувачка споредба со нејзиниот темен тен.

Реакциите по овој инцидент биле остри во италијанските медиуми и социјалните мрежи, со што и било укажана голема поддршка на министерката Кјенге. Со осуда на настанот се јавиле и многу политичари. „Oва е уште еден срамен напад. Подршка за министерката Кјенге. Едноставно треба да ги игнорираме будалите“, напишал градоначалникот на Рим Џани Алемано.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top