| четврток, 6 декември 2018 |

Црномурестата министерка во Италија гаѓана со банани

Cecile Kyenge ministerkaЕдинствената црномуреста министерка во Италија која е честа мета на расистички испади откако стапи на функција пред неколку месеци, во последниот инцидент беше гаѓана со банани додека држела говор за време на партисики собир во Рим.

Министерката за интеграции Сесил Кјенге родена во Демократска Република Конгон, ги разбеснува десничарите залагајќи се имигрантите да добијат полесно италијански пасош.

Бананите не стигнале до бината на која говорела, но по настанот таа на Твитер инцидентот го нарекла „тажен и залуден“.

Претходно, членови на десничарската Форца Нова и оставија кукла со лажна крв на местото на кое се одржувал собир на нејзината партија, а со неа имало и порака на која пишувало „имиграцијата убива“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top