Првата италијанска црна министерка, мета на чести расистички испади откако меше именувана во април годинава, го осуди човекот што фрлал банани по неа додека држела говор на партиски собир во Рим.
Министерката за интеграции Сесил Киенге, родена во Демократска Република Конго, ги разгневи десничарските групи заземајќи се имигрантите полесно да додаѓаат до италијанско државјанство.
Малку пред инцидентот во петокот, челновите на десничарската парти Форца Нуова оставиле кукли измачкани со лажна крв на местото каде што се одржувал собир во местото Черви, во централна Италија, протестирајќи против предлогот на Киенге државјанство да добива секој кој е роден во Италија. „Имиграцијата убива”, пишуваше на летоците оставени до куклите, што претставува мото кој Форца Нуова претходно го користеше алудирајќи на убиствата коишто ги сториле имигранти во Италија.
Иако бананите не паднале на сцената на којашто говореле Киенге, на овој инцидент подоцна на Твитер се осврна самата министерка нарекувајќи го „тажен” и попусто фрлањето на храна имајќи ја предвид економската криза. „Храброста и оптимизмот да се променат стварите мораа да дојдат од сите, од дното до врвот на власт”, напиша италијанската министерка за интеграции.
Слични навреди Киенге доживуваше откако беше именувана за министерка, дури и од колегите политичари. Претходно во јули пратеник од антиимгрантската партија Северна лига ја спореди со орангутан, а се извини дури откако беше изложен на остра јавна критика.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


