| четврток, 6 декември 2018 |

Ја киднапирал девојка си за да ја земе за жена

makedonska-policijaШтипјанката Ч.С. била киднапирана од своето момче, кое сакало да ја земе за жена. Киднапирањето се случило на 24 јануари годинава, кога 21 годишната девојка била пријавена како исчезната. Таа на полиција и изјавила дека ја киднапирало нејзиното момче.

според нејзината изјава дадена за службите на МВР нејзиното момче З.Е. и двајца негови другари ја киднапирале, а потоа ја однеле на непозната локација, каде што момчето со кое се забавувала пет месеци ја присилило на сексуален однос. Девојката тврди дека момчето ја грабнало за да ја натера да му биде сопруга.

Во разговор со полицијата момчето негирало дека ја присилил девојката да појде со него, тврдејќи дека се договориле да му стане сопруга. Во возилото на З.Е. биле пронајдени траги и предмети на девојката, но медицинскиот преглед не покажал повреди кај Ч.С.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top