Девојките честопати имаат делови од телото од кои и не се баш задоволни, но затоа пак нивните момчиња ги обожаваат. Еве како машките гледаат на женските тела:
Гради
Ретко која жена е воодушевена од своите гради. Или смета дека се преголеми или премали, дека се виснати или одат на некоја страна. Мажите секогаш зборуваат за градите на девојките од насловните страници на магазините, но во реалноста не им е важна совршеноста. Какви и да се, нив им се привлечни.
Стомак
На момчињата не им е важно дали девојката има плочки на стомак или не. Поголем број од нив велат дека им е подраго кога имаат за што да ја фатат жената, а стомак на кој се гледаат сите мускулчиња не им е најдрага опција.
Задник
Голем, мал, кренат и испрчен, рамен… нив тоа не им е важно. Нема причина за незадоволство ако задникот на девојката не е сличен на оној на Бјонси. Ако има барем малку, на мажите им е доволно.
Нозе
Не мора да бидат долги како на моделите, ниту совршени како во рекламите за депилација. Поголем дел од мажите признале дека не забележуваат дали нозете се совршено издепилирани или не. Кога девојката е во кревет со нив, мислите не им одат во тој правец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


