| четврток, 6 декември 2018 |

Мите Стефоски, претседателот на СВП ќе одржи предавање на „Дрим Он“ фестивалот

Третиот тематски ден на струшкиот фестивал за процесирање култура „ДримОн“ е именуван „Збор два текст“ и е посветен на пишаниот збор.

Директорот на „Струшките вечери на поезијата“, Мите Стефоски, ќе одржи предавање за скандалот и уметничкиот ефект. Еден од новите автори на македонската книжевна сцена, Алекс Букарски, исто така, ќе има свое предавање посветено на Џерoм Селинџер. Вечерта е резервирана за поетски перформанс на младиот, но веќе реномиран писател Ненад Јолдески и за поетско читање на Васко Марковски, обете пропратени со изложба на фотографии на Лени Фон Гелева.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top