| четврток, 6 декември 2018 |

Македонско – грчка војна на фан страната на Атланта Хоукс

 atlanta antic

По официјалната потврда дека капитенот на македонската репрезентација Перо Антиќ потпиша договор со „јастребите“ од Атланта, информацијата беше споделена и на фан- страната на „Фејсбук“ на овој НБА-клуб.

Таму Антиќ беше претставен дека доаѓа од Република Македонија, по што следуваа и првите честитки од неговите поддржувачи од Македонија.

Маријан Мукоски напиша дека Антиќ е првиот Македонец во НБА, а Ицко Тончев им испрати поздрави на „јастребите“ од Македонија и им посака сѐ најубаво со нашиот играч.

fb1

На честитки веднаш стигнаа првите навреди и реакции од Грција со пораки:

„Вие не сте од Македонија, вие сте од ФИРОМ“.

„Ние можеби имаме економски проблеми во моментот, но никогаш нема да ви дозволиме да станете дел од ЕУ или од НАТО. Престанете да правите глупава пропаганда и прифатете си ја вашата историја која почнува во 6 век од нашата ера. Во спротивно ќе запаметите што се случи на 2 април 2008 година во Букурешт“.

Досега под сликата на Перо Антиќ има повеќе од 250 коментари, од кои дел се однесуваат на одлуката на Атланта да го ангажира македонскиот кошаркар и на перформансите на Антиќ, а другите, пак, се дел од пресметката за името на државата од каде што доаѓа новиот „јастреб“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top