| четврток, 6 декември 2018 |

Мажите Јарци сакаат секс без љубов, Вагите создадени за секс во тројка

Откријте какви се мажите во сексот според тоа на кој хороскопски знак му припаѓаат

Овен

Лицата кои се родени во овој знак се многу темпераментни, а така се однесуваат и во кревет. Предиграта не им е важна, одма преминуваат на „главното јадење“. Сакаат спонтан секс, но романтиката не им е јака страна. Сакаат да ја преземат главната улога и секогаш бараат повеќе секс, брз и див.

Бик

Сака интенсивен но спор секс. Ужива во секоја секунда, па сексуалниот чин никогаш не е доволно долг. Не е посебен љубител на брзиот секс, нежен и внимателен љубовник е, но не е склон кон експериментирање ниту пак е голем заводник. Му се допаѓаат жените кои ја преземаат иницијативата.

Близнаци

Со Близнаците никогаш не е досадно. Колку што ја сакаат главната улога, толку сакаат и предигра, па жените со нив главно не глумат оргазам. Не се поборници за монотон секс во спалната соба. Сакаат да експериментираат и да го менуваат положбите и локациите.

Рак

Раковите се големи романтичари кои чекор по чекор им се вовлекуваат под кожа на жените. Прават се за да ги задоволат жените и издржливи се. Заедно со мотото „еднаш како ниеднаш“ тие се неуморни и многу сакаат да водат љубов па дури и по неколку пати по ред.

Лав

Овде станува збор за гордост, доминација и за мажи кои сакаат жените да им се восхитуваат и тоа посебно во кревет. Многу фантазираат кога треба да освојат некоја жена, преземаат иницијатива и не се откажуваат лесно. Страствени се и не сакаат да се воздржуваат, па често за време на сексот не стигнуваат до креветот. Омилена положба: Мисионерска поза и „doggy“.

Девица

Не сакаат многу да зборуваат за секс, но за време на самиот чин сакаат да употребуваат „валкани“ зборови. Понекогаш потребно е и да бидат испровоцирани и поттикнати и навистина се љубовници кои се подеднакво склони како кон спор така и кон брз секс.

Вага

На вагите се мора да им биде совршено, од витко женско тело до атмосфера и секси долна облека. Потполно се предаваат во сексот и знаат како да ја доведат жената до лудило. Сексот во тројка е специјално „дизајниран“ токму за овој знак. Едноставно обожаваат да го прават тоа!

Скорпија

Страствените Скорпии едноставно не можат да издржат долго без секс и секогаш сакаат уште, уште и уште. Отворени се за експерименти во креветот, за анален секс и секси помагала. Не се плашат со партнерите да ги поделат своите фантазии и не им сметаат пасивни жени бидејќи точно знаат што прават.

Стрелец

Времето и просторот не се битна категорија за Стрелецот. Тие можат секогаш и секаде. Немаат срам ниту се оптеретуваат со некои посебни правила. Стрелците се освојувачи и познати се по тоа што сексот за нив никогаш не е досаден, дури и во поодминати години, иако им треба доста време да се одлучат само за една жена.

Јарец

Секс без љубов. На јарците тоа не им претставува никаков проблем. Познати се како одлични заводници кои ќе направат се за да ја освојат жената на која и го „фрлиле окото“. Брзо преминуваат на дело и не следат никакви непишани правила.

Водолија

Бараат разновидност. Страствни се и интензивни љубовници кои одбиваат рутина, како во секојдневниот живот, така и во кревет. Сакаат игри, нови положби, разни помагала, но и спор секс со романтична музика и свеќи.

Риби

Отворено кажуваат што сакаат и истото го очекуваат од партнерот. Рибите не се големи заводници па нив им се потребни жени кои ќе го направат првиот чекор. Тие се издржливи љубовници кои сакаат да експериментираат, но многу брзо го менуваат расположението, во еден момент можат да бидат луди за партнерката, а во друг потполно ладнокрвни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top