Едвард Сноуден соработник на ЦИА и НСА доби дозвола од руските власти да го напушти аеродром. Миграциските документи го потврдуваат неговото барање за азил, за тој да ја премине руската граница.
„Американецот се подготвува да замине. Обезбедена му е нова облека, соопштуваат од Интерфакс.
Според Анатоли Кучерна, адвокатот кој му помага на Сноуден, се уште не е безбедно за негово патување во Латинска Америка, поради можноста на САД да го депортира назад во земјата.
Венецуела, Боливија, Никарагва, се некои од земјите кои изјавија дека би го одобриле неговото барање за азил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.