| четврток, 6 декември 2018 |

Пат околу Македонија за 5 дена со велосипед

Велосипедистите Бране Софронијовски и Горан Казаковски решија да ја обиколат Македонија. Целта е да се поминат 730 километри поделени во 5 етапи: Скопје – Кочани (23 јули), втората Кочани – Струмица (24 јули), третата Струмица – Прилеп (25 јули), четвртата Прилеп – Охрид (26 јули), петтата Охрид – Кичево (27 јули).

tura-juli-2013

По патот  ќе им се приклучуваат и други ентузијанти од градовите низ кои ќе поминат. Бране и Горан вчера ја завршија првата етапа, а во Кочани ги пречека десеткратниот шампион во друмски велосипедизам, Јоже Јованов.

– Со нас носиме само еден ранец со алишта, резервни гуми,пумпа и други пропратни работи,а за престој,планираме да преноќуваме во мотели. – вели кичевецот Софронијовски, член на „Спид бајк“.

– Поинтересно е кога се ќе спакуваш во еден мал ранец и ќе тргнеш на пат, а и трошоците ќе ги сведеме на минимум – додава Казаковски, кој со Бране ја договорил турата сосем случајно и тоа преку Фејсбук.

velosipedisti

Бране оваа година ќе се натпреварува во друмски велосипедизам во Мастерс Категорија, а неговата следна цел е посета на Франција за време на Тур де Франс или тура низ Италија за време на Џиро ди Италија.

Горан пак започна со активно возење лани, а веќе поминал повеќе од 5000 километри. Тој за следната година најавува организирање на уште поголема тура надвор од границите на Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top