Денеска во рамките на Меѓународниот филмски фестивал за деца и млади „Giffoni Experience“ во Италија ќе се одржат повеќе активности поврзани со присуството на Македонија и Филмскиот фонд на фестивалот:
Напладне во прес-центарот ќе се одржи прес-конференција на која ќе учествуваат: Клаудио Губитози, директор на Giffoni Experience, Дарко Башески, директор на Филмски фонд на РМ, Мими Ѓоргоска-Илиевска, директорка на Кинотека на Македонија, Елена Величковска, извршен директор на Giffoni Macedonia и Иво Антов, Уметничкиот директор на Giffoni Macedonia.
Во 21 часот – Македонската вечер ќе се одржи во манастирот Di San Francesco – Giffoni Valle Piana, каде што Македонија ќе биде претставена и преку македонско вино, македонски производи – ајвар, слатко и галичко сирење.
Во соработка со Агенцијата за туризам, обезбедени се брошури за Македонија (50 на англиски јазик и 50 на италијански јазик) и мапи, додека во соработка со Агенцијата за странски инвестиции обезбедена е брошурата која се изработуваше во соработка со Филмски фонд на РМ – Filming in Macedonia. Воедно како рекламен материјал за македонската кинематографија ќе бидат приложени и каталозите на македонски филмови 2012/2013 год. и разгледници “Welcome in Macedonia 220 Sunny days for filming” фотографии од различни локации од Р.Македонија
Во 21.45 часот -концерт ќе одржи групата „Фолтин“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Филмот „Очите на фотографката“ ќе го отвори третото издание на фестивалот „Богородичен покров“
-
Прв фестивал на нов европски филм: „Beach film festival“ на плажата „Оревче“ од 19-22 јули
-
Хироказу Коре- Еда ја освои „Златната палма“ на Канскиот фестивал
-
Филмот „Види ја ти неа“ во официјална програма на фестивалот во Клермон, Франција