| четврток, 6 декември 2018 |

Чарлс Баркли мрази „Твитер“

Легендарниот НБА кошаркар Чарлс Баркли, упорно одбива да отвори „твитер“ профил, а исто така упати низа навреди на сметка на корисниците на оваа социјална мрежа

charlesbarkley

„Сите кои што имаат „Твитер“ се идиоти! Никогаш нема да го направам тоа, а еве и зошто. Убавите девојки се како кралици, а грдите ги мразат. Кога си успешен, многу луѓе чувствуваат одбојност кон тебе и сакаат да те мачат. Без оглед на тоа што ќе кажам, на еден дел луѓе тоа нема да им се допаѓа, а мојот избор е да не им давам јавна причина да ме мразат уште повеќе. Во тоа е работата“, вели Баркли.

Тој се осврна и на фактот дека му било тешко да сфати дека луѓето ќе го мразат поради тоа што е успешен.

„Кога дојдов во НБА-лигата, најтешко ми беше да сфатам дека секогаш постојат група луѓе, која ги мрази оние успешните. Ете, кога бев во средно училиште, другарите и јас ги мразевме паметните деца, само затоа што беа умни, а ние глупави. Ние тогаш не знаевме дека сме будали, затоа што сме глупави и треба да ја цениме интелегенцијата“, додава легендарниот играч.

„Сепак, ситуацијата е јасна. Глупавите не ги сакаат паметните, грдите убавите, а сиромашните богатите. Така што, избрав дека не ми е потребен некој кој што ќе ме мрази“, објасни „најголемата уста“ на НБА.

Инаку, тој е еден од водителите на наградуваната и контроверзна емисија „Inside the NBA“, а на прашањето дали поради тоа дава некому повод да го мрази, одговара оти ова е поинаква ситуација.

„Тоа не е исто. Јас сакам да бидам платен поради тоа што сум јавна будала и бидејќи луѓето ќе ме мразат поради тоа“, заклучи поранешниот кошаркар на Филаделфија „Севентисиксерс“, Феникс „Санс“ и на Хјустон„ Рокетс“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top