| четврток, 6 декември 2018 |

Владиката Петар за Република: Црковните одбори затајуваат пари од МПЦ (видео)


Проблемот станува сериозен со кражбите на нашето црковно и сакрално богатство. Несовесни луѓе кај нас, но и од Албанија ги отуѓуваат нашите вредности. Одговорноста на заштитата на црковното богатство не е во рацете на МПЦ туку кај црквите, односно селските црковни одбори кои предизвикуваат сериозен проблем со отпорот што го даваат околу преземањето мерки за поголема заштита, вели митрополитот преспанско-пелагониски г. Петар во интервју за Република кој најави дека во иднина ќе следуваат и материјални казни доколку продолжат кражбите. Владиката открива дека МПЦ има големи проблеми со селските цркви не само со заштитата на вредните икони, туку и поради затајувањето на приходите што ги остваруваат.

„МПЦ треба да одреди нов портпарол на местото на владиката Тимотеј“

Митрополитот во интервјуто признава дека некои свештеници имаат добри приходи и објаснува како тие ги стекнале парите. Смета дека црквата не им наплатува премногу на верниците за верските обреди и објаснува како во неговата епархија црквата им помага на повеќечлените семејства.

Во однос на лошиот имиџ на МПЦ што го има во јавноста, владиката Петар објаснува зошто треба да биде сменет портпаролот на МПЦ, каков однос има со владиката Тимотеј и како политиката е замешана во австралиско- новозеландската епархија.

„Претседателот на Србија ја злоупотреби довербата на МПЦ“

Тој тврди дека намерно бил изваден од контекст кога зборувал против абортусот, како и дека добивал закани и повици за линчување.

–      Можеби некој се препознал во гревовите со кој е засегнат, некој наместо да си ја чисти совеста со покајание да побара прошка тие сметаат дека со нападите кон оној што ќе ја пробуди совеста за тоа, ќе можат да се ослободат од тоа, а најлошо е што сакаат да ги променат црковните закони и учењето, вели владиката Петар во интервјуто.

Во однос на ставот на ИВЗ дека „во Македонија нема меѓурелигиски и меѓукултурен соживот“ вели:

–      Тој што тврди дека нема соживот, треба да се праша дали придонел за да го има.

Митрополитот исто така објаснува и зошто смета дека српскиот претседател Томислав Николиќ со понудата за посредување во решавање на спорот со СПЦ ја злоупотреби довербата на македонската црква и на македонските власти.

 

Top