| четврток, 6 декември 2018 |

Деан Атанасовски: Мајка Тереза ќе донесе туристи во Македонија (втор дел)


Развојот на туризмот е една од насоките кон  почесните конзули на Македонија на средбата со државниот врв. Меѓу нив беше и Деан Атанасовски, почесниот конзул во Лима, Перу. Во интервју за Република вели дека Перу е брзорастечка економија како и сите држави од јужноамериканскиот континент. Како доминантно католичко население, последните години Перуанците го посетуваат Ватикан, како и светилиштето Меѓугорје. Бидејќи Мајка Тереза е многу позната, лесно може да се искористи тие туристи да дојдат и во Македонија, додава Атанасовски. Особено што до скоро единствено Македонија, а сега и Турција, се единствените држави во Европа со кои Перу има безвизен режим. Во насока на тој развој, има и воспоставена добар воздушен сообраќај.

Во кусото интервју, почесниот конзул говори за можностите за развој на трговската размена, влез на македонските производи на јужноамериканскиот континент, како и можностите за инвестирање во Македонија.

Top