-Граѓаните на Република Македонија се носители на суверенитетот на оваа земја и тоа природно и политичко право никој не може и не смее да се обиде да ви го ограничи, да влијае на него или пак да го попречи. На претстојните избори вие одлучувате. Вие и никој друг. Ниту партиите, ниту специјалните органи, ниту институциите. Вие граѓаните сте над сите овие категории- истакна премиерот Емил Димитриев во вечерашното обраќање на Свечената академија по повод 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба.
На Свечената академија по повод 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба присуствува целиот државно политичкиот врв на земјата.