| четврток, 6 декември 2018 |

Али Ахмети

Изјава

Идентитетот воопшто не е прашање на преговори, а потврда за тоа има и од Метју Нимиц и од сите други меѓународни центри. Со преговорите за името не се задира ниту во јазикот и се преговара само за референцата БЈРМ. ВМРО-ДПМНЕ инсистира на уставното име како дел од решението, но тоа не може да помине и мора да има компромис

Невистина

Можеби лидерот на ДУИ не е свесен дека во оваа ситуација лаже, но факт е дека не ја говори вистината. За да се увери во тоа, доволно е да ги прочита јавните изјави на низа грчки политичари, почнувајќи од претседателот Папуљас, коишто инсистираат дека главен предуслов за надминување на разликите во спорот е одземање на правото на Македонците да го негуваат својот национален и јазичен идентитет.

Top