понеделник, 23 декември 2024 | Вести: 0

Гетце го опиша голот што им донесе трофеј на Германците

getce

Јунакот на Германците, Марио Гетце го опиша моментот кога во 113 минута од натпреварот со Аргентина постигна гол со кој панцирите ја освоија четвртата титула светски првак.

– Ова е неверојатно чувство. Не знам како да го опишам. Во тој момент само шутнав и не знаев што се случува. Кога топката заврши во мрежата не знаев што со себе, изјавил популарниот Супер Марио.

Гетце вели дека е горд на сите свои соиграчи.

– Ова за мене беше тешко натпреварување. Многу им должам на семејството, на девојката кои секогаш веруваа во мене. Сонот стана стварност, изјави тој.

 

Top