недела, 22 декември 2024 | Вести: 0

ФИФА призна: Судијата ја исфрли БиХ од Мундијалот

Argentina Bosna 04 (Custom)

За време на траењето на Светското фудбалско првенство во Бразил судиите беа оценети како една од најслабата алка на Мундијалот поради погрешните одлуки кои ги носеа на натпреварите, но ФИФА на големо изненадување на фудбалската јавност во својата анализа на судиските одлуки, арбитрите ги оценила на задоволително ниво.

Сепак Меѓународната куча на фудбалот призна дека Босна и Херцеговина е елиминирна благодарение на судиска грешка.

-Сакавме сè да помине без скандал и ниедна репрезентација да не биде испратена дома поради судиска грешка, што судиите успеаја да го остварат со исклучок на Босна, е наведено во анализата, а пренесува шпанска „Марка“.

„Змаевите“ на првенството се поразени прво од Аргентина со 2:1, а потоа во одлучувачкиот меч доживеаја пораз од Нигерија од 1:0, но главниот судија од Нов Зеланд, на Един Џеко му поништи чист гол наводно поради офсајд.

Top