четврток, 2 мај 2024 | Вести: 0

Зико: Бразилската репрезентација треба повторно да се гради од темел

Зико или уште познат и како белиот Пеле, легендата на бразилскиот и светскиот фудбал во 80-тите години од минатиот век, се осврна на штотуку завршеното Светско првенство во фудбал на кое неговите сонародници беа домаќини и го освоија разочарувачкото четврто место.
Бразилците важеа за едни од фаворитите за освојување на муднијалот, но по катастрофалниот полуфинален натпревар во кој загубија од Германија со историски резултат од 1-7, загубија и во натпреварот за третото место од Холаднија со 0-3.

– Дојде времето да бидеме самокритични и да почнеме од почеток. Нема повеќе криење и потребни се промени од корен. Досега слушавме дека сме правеле грешки и дека не е толку страшно да се изгуби од Германија која подоцна стана светски првак. Не е важно со колку голови ќе се загуби, тоа е неприфатливо – смета најдобриот играч на светот во 80-тите години на 20 век.

– Мораме да размислуваме на начиот на кој се тренираат нашите фудбалери. Треба националниот тим да почне да се гради од темел. Треба да се почне со тренирање на младите талети – додаде Зико.

Top