недела, 22 декември 2024 | Вести: 0

Мартино наследник на Сабелја на клупата на Аргентина?

Поранешниот тренер на Барселона Херардо Тата Мартино е најсериозен кандидат да седне на жешката клупа на аргентинската фудбалска репрезентација.
Потпретседателот на парагвајскиот фудбалски сојуз, Федерико Акоста изјави дека Мартино ќе биде нов селектор на Аргентина.
Тој беше селектор на Парагвај четири години и ја предводеше оваа репрезентација на светското првенство во Јужна Африка 2010 година. Откако Паргвај не успеа да се пласира во Бразил оваа година, челниците на парагвајскиот сојуз контактирале со Мартино за да го убедат повторно да биде селектор на оваа држава.
Сепак, Тата Мартино изјавил дека неможе да биде повторно селектор на Паргвај бидејќи веќе се договорил да го наследи Сабелја на клупата на Аргентина.
Од аргентискиот фудбалски сојуз не ја потврдуваат веста за наследникот на Сабелја и засега нема официјална потврда.

Top